-->
-->
Во Грција разбиена група која продавала лажни документи на илегални мигранти
-->
Грчката полиција соопшти дека разбила голема криминална мрежа која овозможувала илегални имигранти да добијат лажни идентитети и да патуваат слободно во Европа.
Полицијата соопшти денеска дека уапсени се 20 луѓе во области околу Атина. Клучен дел од активностите на криминалната група било продавање на лажни документи на Албанци, за да заминат од Грција до Велика Британија.
Откриени се четири локации каде се изработувале документите со високо софистицирани машини и кои клиентите ги добивале за неколку часа по нарачката. Криминалната група наплаќала по 500 евра за пасош, додека други документи имале пониска цена.
Криминалната група била разбиена во соработка со полиции од други држави ов Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден