Во Грција потврден случај на бразилската мутација на Ковид-19
Прв случај на бразилската мутација P.1.2 (VOC-21JAN-02) потврдена е во Грција, а според грчките медиуми случајот е регистриран кај маж во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Засега нема информации за тоа како конкретниот сој пристигнал во Грција.
Националната организација за јавно здравје на Грција, во соопштенијата за новите случаи на Ковид-19 во земјата и за епидемиолошката слика, секој четврток ги вклучува и резултатите поврзани со потврдените мутации, па така, според последните податоци, од 1.567 анализирани позитивни случаи во периодот од 15 април до 27 мај 2021 година, најголемиот дел, 1.112 се однесуваат на британскиот сој Β.1.1.7 (Variant VOC 202012/01), пет се од јужноафриканскиот B.1.351/501Y.V2 (Variant VOC 202012/02), три од индискиот сој B.1.617.2 (VOC-21APR-02) и еден е од бразилскиот P.1.2 (VOC-21JAN-02).
Паралелно 345 позитивни примероци се во групата мутации кои се под надзор.
Ново на Сител
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината