Во Грција ќе се вакцинираат само една доза оние кои прележале Ковид-19
Лицата кои прележале Ковид-19, во Грција ќе бидат вакцинирани само со една доза од вакцината и тоа во период од шест до 12 месеци по заразувањето, соопшти попладнево претседателка на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на процесот на имунизација во земјата, гнералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, рече дека денеска надминале пет милиони вакцинации од кои над три милиони се однесуваат на првата, а останатите на втората доза.
Во Грција, со првата доза вакцинирано е 31 отсто од населението, а 17,2 проценти се целосно имунизирани.
Најголем дел од вакцинираните во Грција се со вакцината на Фајзер (2.100.000), потоа следат со вакцината на Астра Зенека (740.000 граѓани), со Модерна (307.000) и над 80.000 лица со Џонсон и Џонсон.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата