Во Гостивар во тек пријавувањето за бесплатен одмор на деца од социјално ранливи категории
Пријавувањето за бесплатен летен одмор на децата од социјално загрозените семејства и корисниците на посебен додаток од гостиварскиот регион, ќе трае до наредниот понеделник, информираат од гостиварскиот Центар за социјална работа.
Пријавувањето започна по објавувањето на повикот на Министерството за труд и социјална политика за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација. Со него се опфатени корисниците на права од социјална заштита: деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца без родители и родителска грижа кои посетувале од петто до деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години.
- нГи повикуваме родителите да ја искористат можноста и да ги пријават децата најдоцна до 10 јули. Одморот опфаќа шест полни пансиони во некое од летувалиштата во Македонија со три оброка дневно. За време на престојот ќе се организираат и разни едукативни, забавни и рекреативни активности. Освен престојот и храната, Министерството го организира и го покрива и превозот на децата, изјави Ивица Симоски, директор на Центар за социјална работа Гостивар.
Од Центарот нагласуваат дека граѓаните кои ги испопнуваат условите и се заинтересирани да ги пријават децата, треба само да поднесат барање кај нив, а останатите документи ќе ги обезбедат по службена должност.
Минатото лета преку Центарот за социјална работа во Гостивар на бесплатно летување беа чспратени 15 деца од семејства со социјален ризик и корисници на посебен додаток.
Ново на Сител
-
Поради строгите правила за приватност Агелер не открива зошто Лимани не доби американска виза
-
СДСМ: Една фирма добила тендери од 4,5 милиони евра од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за проекти во општините
-
5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО