Македонија
30. January 2020 - 11:22

Во Гостивар уапсена жена осудена за тешка кражба

Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 14.15 часот, во гостиварската населба „Фазанерија“ ја привеле 37-годишната А.Д. од Неготино, осудена на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“.

А.Д. била спроведена во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната затвор.