Македонија
22. August 2016 - 13:18

Во Гостивар Меѓународен конгрес на општествени науки на турската дијаспора

Во седиштето на Меѓународниот унверзитет Визион во Гостивар, денеска започна дводневниот Меѓународен конгрес на општествени науки на турската дијаспора.

Одлуката конгресот да се одржи во Македонија, информираше Фадил Хоџа ректор на универзитетот Визион, е донесена на последниот конгрес во Баку, Азербејџан. На конгресот ќе учествуваат, како што е најавено, околу 200 преставници и научни работници од 25 универзитети од 8 држави.

- Ние со задоволство го прифативме, бидејќи конгресот на општествени науки претставува престижен и традиционален настан од научен карактер. Таа чест е и одговорност, бидејќи нашиот универзитет прв пат е домаќин од своето основање, а прв пат се одржува во Република Македонија и воопшто на Балканот. Нивото е високо со оглед на репутацијата на научниците и учесниците, изјави Хоџа ректор на универзитетот Визион.

Темите кои ќе се обработуваат и трудовите кои ќе бидат презентирани на овој конгрес се од областа на општетствените науки. Конгресот се организра во соработка на 13 универзитети од Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргидистан и други земји во кои живеат Турци.

Универзитет Визион почна со работа минатата година и во него беа запишани над двесте студенти кои следат настава во пет наставни програми.