Македонија
19. December 2015 - 9:53

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 21.12.2015 година на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека - с.Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање) во периодот од  12:30 – 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути. 

РАБОТИ НА ПАТ:

- Г.Д.Гранит А.Д.Скопје,ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица - Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

- Според информацијата добиена од Бојта ИНГ Скопје, во тек се работи на пат: реконструкција на вертикална и хоризонтална сигнализација, поставување на сообраќајна опрема – насочници и еластична ограда и тоа на: Регионален пат Р1305, делница Другово – Битола, регионален пат Р1109, делница Гевгелија – Фурка, регионален пат Р1107 Дреново – Градско, регионален пат Росоман – Кавадарци и регионален пат Р2131, делница Драчево – Таор. Работите се предвидени да траат до 31.12.2015 година.

Препорачуваме внимателно пристапување кон местата каде се изведуваат работите на пат.

- Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Од 18.11.2015 година извршена е времена измена на режимот за сообраќај на автопатот А1/Е-75, на излез од тунелот Катланово затворена е за сообраќај  десната лента, а сообраќајот  се одвива по левата лента. 

- Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204. 

- Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,

- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

- Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, во периодот од 29.10.2015 до 28.03.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово - наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај бр. 24.3-60091/1 од 28.09.2015 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Информативен центар на АМСМ