Во Гевгелиско првпат годинава ќе се прска против ларви од комарци
Општина Гевгелија денеска потпиша договор со Центарот за јавно здравје од Велес за прскање против ларви од комарци кое годинава ќе се спроведе првпат. Превентивното прскање ќе се изврши теренски на неколку локации кои претставуваат потенцијални жаришта за развивање на ларвите од комарци.
Општинската служба за информирање соопшти дека прскањето против ларви ќе се изврши деновиве на делови каде подолго време се задржува вода како што се месноста „Милци“ ѓолот во Богородица, крајбрежјето на реката Вардар спроти Македонија пат и делови во близина на Негорски бањи и селата Негорци и Мрзенци.
Покрај ова на територијата на општина Гевгелија ќе се изврши и заедничко авио запрашување против комарци со десетте општини од Југоисточниот плански регион.
Според гевгелискиот градоначалник Иван Франгов,ефектите од таквото прскање се многу поголеми затоа што во исто време ќе се прска на голема територија.
Во зависност од финаниските средства,на териотириите на неколку општини, меѓу кои и Гевгелија, годинава ќе се извршат две авионски прскања против комарци.
Ново на Сител
-
Барселона испратила барање до ФИФА да ѝ дозволи да учествува на Светското клупско првенство
-
Трамп отворен за идејата Путин да посредува меѓу Изрел и Иран
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови