-->
-->
Во Гевгелија прскање против комарци
-->
На територијата на општина Гевгелија денеска прв пат во овој период од годината се изврши дезинсекција против ларви од комарци.
Како што соопшти Општината, дезинсекција е извршена на околу 4,5 хектари, главно во мочуришта или простори каде водата отстојува.
Со акцијата се опфатени западниот брег на реката Вардар, месноста „Милци“ на источниот брег на Вардар, месноста „Ада“ спроти Мрзенски рид, стоечките води во атарите на Мрзенци и ѓолот во Богородица и терени во близина на Негорските бањи.
Дезинекцијата е извршена на овие локации зашто по претходно извршениот увид беше констатирано дека се жаришта на ларви од комарци. По ова, на територијата на општина Гевгелија ќе бидат извршени уште најмалку две авионски прскања против комарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце