Во Гевгелија на лицитација продадени шет градежни парцели за станбени објекти
На електронска аукција општина Гевгелија за помалку од половина час ги продаде сите шест понудени градежни парцели за станбени објекти лоцирани во населбите Караорман, Моински пат и Мрзенски рид.
- За рекордно брзо време ги продадовме објавените парцели за кои интерес имаше од 24 понудувачи,информираа денеска надлежните од Секторот за урбанизам со појаснување дека најевтино, по 71 денар за метар квадратен, се продадени две парцели, а најскапо е продадена една парцела по цена од 1.577 денари за метар квадратен.
Големиот интерес од последната аукција беше причина општина Гевгелија денеска да објави продажба на уште осум градежни парцели во споменатите населби од кои седум ќе бидат наменети за станбени куќи, а една за објект од лесна незагадувачка индустрија.
Почетната цена за сите парцели изнесува 61 денар за меетар квадратен. Најмалата парцела за станбена куќа има 304 метри квадратни, а најголемата 1.120 квадрати и се наоѓа на Мрзенски рид каде се градат куќи со посебен режим.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг