-->
-->
Во Гевгелија, Богданци и Валандово денеска ќе гласаат 114 болни и изнемоштени
-->
Во општините Гевгелија, Богданци и Валандово одговор на референдумското прашање денеска ќе дадат вкупно 114 болни и изнемоштени лица, како и затворениците од гевгелискиот затвор.
Најмногу, 68, болни и изнемоштени се пријавиле во Гевгелија каде што, според претседателката на ОИК Роберта Јанчева, од утрово се посетуваат по домовите, а истовремено до избирачките одбори се доставува избирачкиот материјал.
Во Валандово денеска по референдумското прашање ќе се изјаснат 16, а во Богданци 30 изнемоштени и болни лица.
Единствено во општина Дојран нема пријавени болни и изнемоштени лица за референдумското изјаснување кое во општините од југоистокот од утрово се одвива без проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ