Во Германија откажани стотина летови поради штрајк на аеродромското обезбедување
Летовите на десетици илјади патници денеска се откажани поради штрајк на осум германски аеродроми, меѓу кои и најголемиот во Франкфурт.
Штрајкот почна на полноќ на аеродромите во Хамбург, во Хановер и во Бремен. Додека во Франкфурт, каде се вработени 5.000 лица како аеродромско обезбедување почна во два часот по полноќ и е предвидено да трае до 20 часот. Поради штрајкот само на аеродромот во Франкфурт се откажани 570 од планираните 1.200 полетувања и слетувања за денеска.
Штрајкот во различно време почна на аеродромите во Дрезден, Минхен, Лајпциг-Хале и во Ерфурт.
Германска авиокомпанија „Луфтханса“ откажа 400 од 640 летови во Франкфурт, како и 100 од 630 полетувања и слетувања на аеродромот во Минхен.
Работодавачите штрајкот го оценја како неоснован бидејќи се подготвени на нови преговори за платите, кои треба да почнат следната недела во Берлин.
МИА
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба