Во Германија на секои четири минути умира по едно лице од коронавирусот
Германската покраина Баварија која има најмногу смртни случаи како последица на коронавирусот во државата од среда ги засилува рестриктивните мерки.
Граѓаните ќе можат да излегуваат од дома со оправдната причина, одење на работа, посета на лекар или шетање на миленците.
„На секои четири минути во Германија умира по едно лице од коронавирусот“ – рече премиерот Маркус Зедер во обраќањето до јавноста и оцени дека ситуацијата во Баварија е катастрофална – пренесува Билд.
Тој објасни дека овие мерки ќе бидат на сила до 5. јануари, со тоа што ќе има ублажување на рестрикциите за време на божиќните празници, но не и за Нова година. Во местата со највисока стапка на инфекција планиран е и ноќен полициски час. Забраната за алкохол на отворено и натаму е на сила. Мерките во вторник треба да ги одбри покраинскиот парламент.
Во Германија од почетокот на пандемијата има околу 19.000 починати, во Баварија 4.289 лица ја загубија битката со вирусот. До сега во земјата има 1,17 милиони заразени.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари