Во два одделни случаи во Кумановско пронајдени и одземени 1.200 парчиња пиротехнички средства
Илјада и двесте парчиња пиротехнички средства одзеде кумановската полиција во два одделни случаи на подрачјето во поширокиот кумановски регион, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 12:30 часот на градскиот пазар во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(51) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени околу 700 парчиња пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во 19: 30 часот во село Матејче, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед кај В. О(20), при што биле пронајдени и одземени над 500 парчиња пиротехнички средства. И против дваесетгодишниот ќе биде поднесена соодветна пријава, по целосното документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ