-->
-->
Во два дена на распит четворица сведоци за "Рекет"
-->
Во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во тек е распит на претседателката на собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Агапи Дика. Во 10 часот утринава почна распитот на Дика а на влез во обвинителството, таа изјави дека ништо не знае за сумата од 700 илјади евра кои легнале на сметката на Меѓународниот сојуз.
Попладнево, да сведочи е повикан и бизнисменот Зоран Азманов кој во јавноста тврдеше дека и тој бил рекетиран.
Според информациите од обвинителството, утринава во својство на сведок била и продавачка од салон за мебел во кој Обвинетиот Боки 13 купувал мебел.
Во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден исказ давала и Јованка Кухар, финансискиот раководител и координатор на проектите на Меѓународниот сојуз на Боки 13.
Инаку претходно за случајот Рекет сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски и Лила Филиповска.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори