Во Драч запленети 45,5 килограми хероин
– Во најголемото албанско пристаниште, Драч, во камион натоварен со хром, синоќа, откриени и запленети се 45,5 килограми хероин.
-Постојаната оперативна група која работи во пристаништето Драч, врз основа на добиени информации, врши детална контрола врз моторните возила на излез и влез во пристаништето. При контрола на излез во втора линија, во товарно возило тип „сканија“, поточно во кабината на камионот, пронајдени се скриени 43 пакувања со хероин, со вкупна тежина од 45,5 килограми, се наведува во полициското соопштение.
Според полицијата, постојат основи на сомненија дека дрогата требало да заврши на италијанскиот нарко пазар.
Упсени се сопственикот на возилото, кој е од Драч, како и возачот, од градот Фиер. И двајцата негирале дека имаат било каква поврзаност со дополнителниот товар во камионот.
Во Драч на 18 јуни беа запленети 324 килограми кокаин, во камион натоверен со железо, со крајна дестинација Италија, со кој управувал Н.А. македонски државјанин.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница