Во Демир Капија презентиран проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на лица и семејства со ниски приходи“
Претставници на Здружението на млади правници од Македонија, во Демир Капија го презентираа проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на лица и семејства со ниски приходи“. Со помошта за социјално ранливите категории во земјава, околу тоа како да дојдат до правда во судските институции, демиркапијци најпрвин се запознаа во центарот на градот, а потоа и на посебна средба во салата на општинската зграда.
– Тука сме за да одговориме на прашањата во однос на правните проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот. Целта на Здружението е обезбедување на бесплатна правна помош предвидена со Законот за бесплатна правна помош, со што се предвидени претходна бесплатна правна помош и секундарна. Ние сме задржани на претходната, бидејќи такви ни се и овластувањата. Се мисли на правни совети, каде да се обратат, помош при комплетирањето на барањата и слично. Околу тоа дали може да се решава одреден проблем и да се најде решение за него, во изјава за МИА, нагласи Емилија Шкартова Плетварска.
Со проектот е опфатена целата држава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?