Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
На мирен собир, во рамки на академски час, учениците и вработените во Средното општинско училиште ,,Методи Митевски - Брицо" Делчево им оддадоа почит на загинатите во несреќата во дискотеката во Кочани.
Ученичката Сара Ангелова пред присутните ученици истакна дека не е време да се биде генерал, туку е потсетник дека никој не знае што ќе се случи утре.
- Денешниот академски час за покажување сочувствителни и тажни чувства го започнуваме со порака дека не е време да бидеме генерали. Нема да должам освен да кажам дека сум свесна дека нашите мисли се испреплавени со разни чувства на тага, болга, гнев… Вечерта на несреќата додека многумина ги пееле песните на својот омилен бенд, за само миг се претвориле во лелеци на последни зборови. Ова е потсетник дека не знаеме што ќе се случи утре, не знаеме која ќе биде нашата приказна, а ова не сигурно не беше приказна, ова беше трагедија, истакна Ангелова.
Таа додаде дека ова е трагедија во која се изгасија недогорени свеќи, животни ѕвезди, соништа, академци, родители, млади луѓе, деца, но пред се луѓе.
Пред присутните неколку ученички прочитаа пораки за сочувство, а потоа беше оддадено и едноминутно молчење во чест на сите прерано згаснати животи.
За денес е закажана и седница на Советот на Општина Делчево со единствена точка на дневен ред посветена на загинатите во трагичниот настан во Кочани.
Ново на Сител
-
Зеленски: Се додека не се потпише документ за прекин на огнот, руските напади ќе продолжат
-
Пораст на дневните, но се уште минусни утрински температури
-
Тројца починати во Кочани на 16-годишна возраст, најголем број од починатите на возраст на 24 и 26 години
-
Ана од ДНК: Си замина дел од моето второ семејство, заедно со нив и душава моја
-
Искусни токсиколози ќе прават испитувања пред да бидат пуштeни на домашно лекување повредените во Кочани
-
Поради минирање од 12 до 15 часот во прекин сообраќајот на патот Гари-Извор
-
Студенти од сите факултети во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани
-
Голем број граѓани во Софија оддадоа почит за жртвите по трагедијата во Кочани