Во Делчево одбележани 140 години од Разловечкото востание
Општина Делчево денеска одбележува 140 години од Разловечкото востание со повеќе културни настани, панихида за учесниците во востанието и со положување цвеќе пред спомен–плочата на поп Стојан, организатор на востанието.
Градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански зборуваше за значењето на ова востание кое, како што рече, иако беше крваво задушено сепак, го одбележува почетокот на борбата на македонскиот народ за ослободување од Османлиите.
По повод одбележувањето на годишнината на Разловечкото востание, планинари од повеќе планинарски друштва од државава го организираа традиционалниот планинарски марш „По патеките на разловечките востаници“ со должина од 13 километри, кој традиционално почнува од од село Тработивиште со крајна цел, селото Разловци.
Разловечкото востание е дигнато во мај 1876 година, а главни иницијатори и организатори биле Димитар поп Ѓеоргиев-Беровски и неговиот дедо поп Стојан од Разловци. Прв денот на Разловечкото востание почнува да се одбележува на 8 мај 1967 година од страна на основното училиште во Разловци и месната заедница во селото.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР