Во Дебар се намалува бројот на активни случаи со Ковид-19, во Инфективното одделение хоспиталзирани 13 пациенти
Во Дебар се намалува бројот на активните случаи со Ковид-19, откако и денеска во списокот на оздравени се внесени 20 лица, а нема новозаразени.
-Од минатиот понеделник до денес регистрани се 36 нови сучаи, најмногу во петокот, 22 и минатиот вторник-10 случаи. Во списокот на оздравени се внесени 64 лица најмногу во средата или 22 и денеска 20, потврдуваат надлежните.
Во општина Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, кои беа првото жариште на болеста, вкупната бројка на оздравени изнесува 741, починале над 30 лица, додека активни на болеста се 88 од нив повеќето се лекуваат во домашни услови.
Како што потврдуваат од Општата болница со проширена дејност во Дебар, во Инфективното одделение хоспитализирани се 13 пациенти сите на кислородна поддршка, што е речиси константна бројка во последните две недели, додека амбулантски се лекуваат во просек по 10 до 15 паценти дневно.
Потешките случаи се транспортираат во здравствени установи во Скопје, каде моментно се сместени неколку ковид пациенти.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?