Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица
Во Дебар и Центар Жупа денеска своето право на глас треба да го остварат 33 болни и немоќни лица.
Според претседателката на Општинската изборна комисија, Елмира Бакали, во општина Дебар ќе гласаат 29 болни и немоќни лица, колку што и се пријавиле.
Вчера пак гласаа 15 лица во самозолација или болни од Ковид-19.
Во општина Центар Жупа своето право на глас денеска ќе го остварат четири болни и немоќни лица, додека вчера таму немаше гласање бидејќи немаше пријавени.
Утре во општина Дебар ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас.
Во Центар Жупа,според претседателот на ОИК, Еран Зубер ќе се гласа на 16 избирачки места а право глас имаат 7.061 граѓанин.
Споредено со последните претседателски и вонредни избори за градоначалник, одржани минатата година, во единствениот избирачки список во Дебар сега се запишани 190 гласачи повеќе.
Во општина Центар Жупа, споредено со ланските претседателски избори бројот е поголем за 108 гласачи.
Ново на Сител
-
Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир
-
Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени
-
Уапсено лице за фалсификување монети во акција на македонската и косовската полиција
-
Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
-
Приведено 20-годишно лице од Скопје, барано со потерница за казна затвор
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница