Свет
16. April 2021 - 10:54

Во Данска три лица починаа од салмонела во растителен лек

Најмалку три лица починаа, а 19 се хоспитализирани во Данска откако конзумирале растителен лек, псилиум, соопштија локалните здравствени власти.

Вкупно 33 лица пријавиле труење од лекот од марката „Хуск” од серија што ја произвел „Оркла Кер”.
 
Пациентите се на возраст од две до 92 години, јави Би-Би-Си.

Властите откриле траги од салмонела во производите и во домовите на пациентите.