Во Црна Гора има најмногу активни случаи на коронавирус во регионот
Откако црногорскиот Институт за јавно здравје вчера ги внесе резултатите од 2.000 тестови во системот, кои претходно беа испратени во Германија за анализа поради малиот капацитет на лабораториите во земјата, Црна Гора од „корона-фри“ стана државата со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот., пренесува Хина.
Тие резултати покажаа дека 475 од 2.000 анализирани тестови во Германија биле позитивни на коронавирус, а кога биле додадени 66 позитивни случаи потврдени во црногорските лаборатории, добиени се вкупно 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100 000 население. .
Црногорските медиуми објавија дека во Северна Македонија има 167 случаи на 100.000 жители, 109 во БиХ, 66 во Србија, 52 во Албанија, 28 во Хрватска и 13 на 100 илјади во Словенија.
Шефот на црногорското Национално координативно тело за инфективни болести, Милутин Симовиќ, изјави дека нема да се преземаат драстични мерки, како што беа оние од првиот бран, кога граѓаните остануваа во своите домови, а полицискиот час беше во сила по 19 часот.
– Сега излегуваме за да работиме, затоа што и со економијата се брани јавното здравство, рече Симовиќ, додавајќи дека ова е сега друг начин на живот со епидемија, при кој „излегуваме од домовите, одиме на работа, но сепак толку многу треба да се редуцира, треба да се дистанцираме, да бидеме поодговорни и дисциплинирани “.
Вкупниот број на смртни случаи е 26, од кои во првиот бран починаа девет лица, а во вториот 16.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес