Во Чиле денеска се одржува референдум за новиот Устав
– Околу 15 милиони Чилеанци денеска на референдум треба да се изјаснат за усвојување или отфрлање на новиот Устав, што би го заменил претходниот, изготвен и усвоен за време на диктатурата.
Задолжителниот референдум бара да се замени сегашниот Устав, напишан за време на диктатурата на Аугусто Пиноче (1973-1990).
Иако имаше неколку реформи на сегашниот Устав, многумина највисокиот правен акт во земјата го сметаат за кочница за идните општствени реформи. Тој со децении обезбедуваше економска стабилност во земјата, но општеството го доведе во длабока нееднаквост.
Со новиот Устав се предлага државата да им го гарантира правото на граѓаните на образование, јавно здравје, пензија и пристојно домување.
Целта е, исто така, да се зајакне правото на абортус, прашање што предизвикува поделби во земја каде што абортусот беше дозволен дури од 2017 година, и тоа само во случаи на силување или опасност за мајката или детето.
Уставот треба да ги гарантира еколошките права и признавање на домородните народи.
Според претходните анкети, се предвидува дека граѓаните ќе го отфрлат новиот Устав, бидејќи на југот и северот на Чиле преовладуваат поддржувачи на актуелниот Устав.
Доколку предлогот биде отфрлен, надлежните ќе почнат нова процедура за составување нов Уставот. Доколку граѓаните го донесат новиот Устав, тој би стапил на сила многу брзо, во рок од десет дена.
Ново на Сител
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово