Свет
14. January 2016 - 21:15

Во Чешка престанаа да важат зголемените безбедносни мерки

Мерките за зголемена безбедност во Чешка, кои беа преземени по терористичките напади во ноември во Париз, а се однесуваа пред се на трговските центри, повеќе не важат, јави дописникот на МИА од Прага. 

Како што соопшти министерот за внатрешни работи, Милан Хованец, иако нема информации дека на земјата и се заканува терористички напад, за полицијата останува да важи „степен на будност".