Во Чешка од денеска функционира нов Оддел против криминалот
Во Чешка од денеска почна со работа Националниот центар за работа против организираниот криминал (НЦОЗ) во кој се спојуваат претходните Оддели за борба против мафијата и Антикорупцискиот оддел.
Во новото тело кое изминатите месеци предизвика несогласувања во владината коалиција, со закани од движењето ДА дека ќе ја напуштат Владата ќе работат 870 полицајци, јави дописникот на МИА од Прага.
Полициското раководство застана на страната на организациските промени верувајќи дека новиот оддел ќе биде поефикасен во борбата против криминалот.
- Сакам да верувам дека реорганизацијата нема да ја почувствуваме на кој било начин, бидејќи тоа е ветување на Полициската управа и Министерството за внатрешни работи, изјави државниот јавен обвинител Иво Иштван.
Роберт Шлахта, долгогодишниот шеф на Одделот за откривање на организираниот криминал (УООЗ) веднаш уште кога беше соопштено дека ќе почне реорганизацијата поднесе оставка.
За директор на НЦОЗ е именуван Михал Мазанек, поранешен началник на Републичкото одделение за убиства.
Ново на Сител
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година