Балкан
15. December 2020 - 13:49

Во Бугарија отворен првиот центар за вакцинација

Првиот центар за вакцинација е отворен во Софија, спроти зградата на Здравствената инспекција. На отворањето присуствуваа министерот за здравство на Бугарија, Константин Ангелов, градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова и шефот на здравствената инспекција, Ангел Кинчев.

Во новоотворениот центар на почетокот на 2021 година ќе бидат вакцинирани првите граѓани на Бугарија, првенствено медицински работници, стоматолози и фармацевти, јави БТА.

Министерот Ангелов најави отворање на слични центри за вакцинација во сите поголеми градови во Бугарија.