Балкан
30. March 2021 - 11:31

Во Бугарија ќе ги олеснат анти-ковид мерките од 1 април

Властите во Бугарија се решија за олеснување на анти-ковид мерките по 31 март, објави денеска на брифинг министерот за здравство, Костадин Ангелов. Децата ќе се вратат во градинките на 5 април додека од 1 април, театрите ќе работат со капацитет од 30 отсто.

Трговските центри и големите продавници нема да работат од 1 април. Исклучок може да се направи за оние кои имаат можност да продаваат на отворено.
 
Од 1 април ќе бидат отворени само оние ресторани и барови кои имаат отворени површини и тераси. Ноќните клубови остануваат затворени.

Од 1 април спортските сали ќе можат повторно да работат со 30 отсто капацитет. Настани во затворено не се закажани до крајот на април.

– На крајот на април, ќе има бесплатен избор на вакцини, најави главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев.