Свет
31. July 2016 - 9:17

Во Бразил уапсен Никола, обвинет за воени злосторства

Бразилските власти го уапсија синоќа Никола Ќераниќ (47) кого властите во БиХ го гонат од 1992 година поради обвинувања дека извршил воени злосторства за време на судирите во поранешна Југославија.

Канцеларијата на бразилскиот федерален обвинител соопшти дека полицијата го уапсила Ќераниќ во градот Индајатуба, на околу 45 км. северозападно од Сао Паоло.

Ниту Интерпол ниту бразилските власти немаат повеќе детали за злосторствата за кои е обвинет Ќераниќ ниту е јасно колку долго тој престојувач во Бразил. Според бразилски закони, Врховниот суд одлучува за сите барања за екстрадиција, а неизвесно е кога одлуката ќе биде донесена.