Во Бразил се предлага четврта доза вакцина против Ковид-19 за лицата со ослабен имунитет
– Бразил ќе понуди четврта доза вакцина против Ковид-19 на возрасните лица со ослабен имунитет. Ќе може да се даде четири месеци по третата дополнителна доза, соопшти Министерството за здравство.
Во циркуларното писмо се наведува дека планирано е да се намали интервалот помеѓу втората и третата доза на вакцината од пет на четири месеци.
Во меѓувреме, бразилската Влада најави дека ќе донира 10 милиони дози вакцини на сиромашните земји во рамките на програмата Ковакс на Светската здравствена организација. Според бразилското Министерство за здравство тоа нема да влијае на кампањата за имунизација во Бразил.
Вакцинацијата во Бразил почна задоцнето и хаотично, поради критиките од екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро. Тој одби да се вакцинира и ја критикуваше одлуката на регулаторните органи да се дозволи вакцинација на децата на возраст од пет до 11 години.
Во Бразил од последици од коронавирусот починале повеќе од 617.000 луѓе, поради што земјата е на второ место, по САД по бројот на смртни случаи. Бразил со 212 милиони население е на трето место по број на инфицирани со повеќе од 22 милиони.
Сепак, кампањата за вакцинација во Бразил е забрзана во последните месеци, при што две третини од населението веќе се целосно вакцинирани. Намален е бројот на нови инфекции и смртни случаи.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи