Свет
23. May 2016 - 8:36

Во Бразил нови протести против времениот претседател Темер

Илјадници лица протестираа вчера по улиците на Рио де Женеиро и Сао Паоло против вршителот на должност претседател на Бразил Мишел Темер. 

Во Сао Паоло се одржа протестен митинг, чии учесници се упатија кон резиденцијата на Темер во градот. Блокирани беа патиштата во близина на зградата, додека самиот претседател за тоа време патуваше кон главниот град Бразилија.

Во Рио де Женеиро околу илјада лица протестираа за оставка на Темер. Во Сао Паоло организаторите изјавија дека во демонстрациите учествувале речиси две илјади лица.

Некои демонстранти бараа враќање на Дилма Русеф на претседателката функција, а други бараа нови избори.

Темер ја замени Русеф пред десет дена, откако Сенатот реши времено да ги прекине нејзините надлежности.