Во борба со Ковид-19 почина интернист од Куманово
Интернистот Шукри Фазлији (49) од болницата во Куманово почина од компилкации од КОВИД-19. Како што потврдија денеска од болницата, Фазлији починал на Инфективната клиника во Скопје каде се лекувал последниве денови.
Директорката на болницата, Снежана Захариева, изрази сочуство до семејството.
– За жал, еве уште еден колега замина како жртва на КОВИД-19. Утринава ми соопштија вработените дека починал, пред два дена се слушнав со него, беше на интензивна нега на Инфективна клиника. Рече дека е подобар отколку што бил кога дошол на Клиниката, бидејќи ние го испративме во навистина лоша состојба, меѓутоа го слушнав дека отежнато дише, единствено што посакав е да се извлече од кризата. Очигледно болеста земала сериозен замав, изјави директорката Захариева.
Според неа, Фазлији пројавил симптоми на настинка, нешто повеќе од пред една недела, меѓутоа не бил хоспитализиран во болницата. Се лекувал во домашни услови. Откако состојбата му се влошила, семејството ги контактирало лекарите од кумановската болница на интерно одделение.
– Колегите се понудиле да му биде земен брис, да биде тестиран, да му се даде терапија, но знам дека е лекуван во домашни услови, примал терапија која самиот си ја има одредено и кога веќе состојбата се влошила семејството се обратило до колегите. Тој е донесен на одделот за интерна медицина каде што и работеше по што веднаш со колегите свртевме на Инфективна клиника, под итно да биде примен, бидејќи беше со ниска сатурација на кислород, со покачена гликемија, имаше и коморбидитети, но е млад човек ние искрено се надевавме дека успешно ќе се извлече од кризата, тој не лежеше кај нас ни дојде како тежок случај, по неколку дена домашно лекување, рече Захариева.
Неговите колеги не се тестирани, бидејќи лекарот претходно бил слободен пред да пројави симптоми на кашлица, останал дома, така што, појаснува Захариева, немало епидемиолошка основа за тестирање на интернистите од болницата кои во моментов се ангажирани во КОВИД 2 центарот во Куамново.
-Интернистите немаат ниту симптоми, ниту се пожалиле на здравствени проблеми, немаше потреба од тестирање и пред да ги пројави првите симптоми бил слободен, па потоа некои симптоми како ларингит, кашлица, по што останал дома не бил во контакт и од таа причина не се изолирани, нема епидемиолошка основа за такво нешто, добри се другите и се надевам дека ќе бидат добри. Млад човек е, 49 години има, навистина ми е жал за секој пациент, да не зборам за член на колектив голема загуба за сите нас, сочуство до семејството, за краток период разви исклучително тешка слика со фатален исход, додаде Захариева.
Претходно од компликации од КОВИД-19 почина и хирургот во кумановската болница доктор Драган Тасевски.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината