Во Битола промовирана книгата „Безбедносни политики и концепти“ од Марјан Ѓуровски
Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска во Битола ја промовираа книгата „Безбедносни политики и концепти“ од Марјан Ѓуровски.
- Сегашниот безбедносен систем на Република Македонија не дава соодветен одговор на загрозувањата. Современиот безбедносен концепт на РМ треба да воспостави односи помеѓу поединците и заедницата, внатрешната безбедност и транснационалната безбедност, мултидимензионалните безбедносни и природните и факторите во опкружувањето, глобалната безбедност и присуството на не-државни или приватни безбедносни актери, нагласи Ѓуровски на промоцијата.
Во книгата, Ѓуровски се залага за зајакнување на контролната функција на Собранието врз креирањето и спроведувањето на безбедносната политика. Според него, концептот на интегрална безбедност е клучот за решенија на безбедносните предизвици и потребно е дополнување на постојните и донесување на нови документи за безбедносната политика, како и да се појасни улогата на Претседателот на Републиката во донесувањето на безбедносната политика.
Ѓуровски напомена дека Владата треба да донесе посебен закон за интегрална безбедност и да се изгради современ концепт за креирање на безбедносната политика, меѓу другото да продолжи потранспарентно реформирањето на тајните безбедносни служби, ГШ на АРМ да биде орган во рамки на Министерството за одбрана, да се реши положбата на Советот за национална безбедност и да се најдат механизми за подобра координација на разузнавачките служби и нивно натамошно обединување.
Тој предлага нов модел за креирање безбедносни политики каде носечки елементи би биле потпретседателот на Владата за политички систем со надлежност за координација на новоформиран Комитет за безбедност и безбедносна политика, појасни надлежности на Советот за безбедност, формирање на нов Институт за безбедносни политики и Аналитички центар за безбедност кој ќе ги користи информациите од разузнавачките и контраразузнавачките служби
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени