Во Битола премиера на театарската претстава „Детето сонува“
Вечер на сцената на Битолскиот народен театар премиерно ќе биде одиграна претставата „Детето сонува“, драма, приказна за едно патување на една мајка и едно дете кои бараат прибежиште по напуштањето на својот дом.
Публиката во текстот ќе ја препознае кризата на бегалците насекаде низ светот, ќе види потресни слики за реалноста на поединецот и реалноста на надворешниот свет измешани меѓу сонот и јавето, најавија од Битолскиот театар во пресрет на вечерашната премиера на претставата работена според текстот на Ханох Левин од Израел, еден од најоригиналните и најиновативните драмски писатели на својата генерација.
Главните улоги во претставата ги толкуваат Борис Чоревски, актер во пензија и младиот Ангел Мицевски, ученик од Битола, а заедно со нив ќе настапат и повеќе актери од сите генерации на театарот од овој град.
Режисер е Итаи Дорон, а сценограф Омри Розенблум и двајцата од Израел, драматург е Билјана Крајчевска, а преводот од англиски на македонски јазик го направи Снежана Крајчевска Плушковска.
Ново на Сител
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра