Во Битола премиера на претставата „Елка кај Иванови“
Ансамблот на Народниот театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Елка кај Иванови“ од Александар Веденски, во режија на Ѕвезда Ангеловска.
Во претставата на рускиот писател В`веденски, низ девет слики се пресликува општеството и т.н. детски болести на луѓето и општеството, пренесоа авторите и актерите, учесници во вечерашата премиера со која воедно се одбележува 14 ноември - денот на формирањето на театарот во Битола.
- Секоја индивидуа треба да се освести, постојано да се запрашува и да ја бара вистината тргнувајќи од себе, а потоа се е рефлексија по која ќе се очекува подобро утре и остварување на соништата барајќи ја елката, рече меѓу другото режисерката Ангеловска во пресрет на вечерашната премиера на „Елка кај Иванови“.
Во претставата ќе настапат актери од сите генерации на Битолскиот театар, односно Менка Бојаџиева, Борис Чоревски, Елена Моше, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Соња Ошавкова, Борче Ѓаковски, Јулијана Мирчевска, Александар Копања, Марија Ѓаковска, Петар Спировски и Александар Стефановски.
Преводот на текстот „Елка кај Иванови“ од руски на македонски јазик го направи Оливера Павловиќ, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката ја компонираше Марјан Неќак.
Народниот театар-Битола е формиран на 14 ноември 1944 година кога е одиграна првата театарска претстава на македонски јазик.
- Во овој период од 71 година изведени се 540 премиерни претстави, а вкупниот број театарски претстави кој го надминува бројот 12.000 го следеле околу 5 милиони посетители, истакна Благој Мицевски, уметнички директор на оваа национална установа.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица