Во Битола почна реконструкцијата на мост на реката Драгор
Општина Битола почна со реконструкцијата на мост на реката Драгор во непосредна близина на безистенот, чии носачи откажале и е опасност за сообраќајот во тој дел на градот.
Од Општина Битола информираат дека мостот бил изграден пред еден век, а последно испитување на безбедноста на мостовите била извршена пред 40 години.
– На само една недела од преземањето на градоначалничката функција, соочени сме со проблем кој е резултат на долгогодишна негрижа. Во овој случај, последица на таквата ситуација е Мостот кај Безистенот, каде при интервенција во рамките на тековнoто одржување на улиците од страна на КЈП Нискоградба, констатиранo е сериозно оштетување на омега носачите, кои се наоѓаат под коловозната конструкција, поради што санацијата веднаш е запрена. Извршено е демонтирање на носачите и побарана е асистенција од СВР Битола за регулирање на сообраќајот. Во завршна фаза е и изготвувањето на проектот за времен режим на сообраќај со цел растоварување на сообраќајот во централното градско јадро. За жал, се соочивме со воопшто нетретирано прашање во однос на состојбата со мостовите, а поради тоа и неподготвена проектна документација, што претставува дополнителна отежнувачка околност. Со оглед на тоа што, градежните активности потребно е да се изведат во Старото градско јадро, кое е заштитено подрачје, а пред нас е зимски период, како локална самоуправа ги презедовме потребните координативни мерки со вклучување на сите стручни служби за навремено постапување, имајќи ја предвид безбедноста на движењето на граѓаните, како и законската регулатива, соопштија од тамошната локална самоуправа.
Во реконструкцијата на мостот вклучен е тим од Градежниот факултет, како и експерти од НУ Завод и Музеј и Управата за заштита на културното наследство, до целосно комплетирање на докоментацијата и обезбедување на одобрение од Министерството за транспорт и врски.
– За да не се повтори ваквата ситуација и на други места на коритото на реката Драгор, преземени се конкретни мерки со кои во програмата за 2022 година, предвидена е ревизија на мостовите, која не е направена 40 години. Со ревизијата, ќе се изврши потребната евалуација на мостовите од кои некои, како во конкретниот случај, се постари од еден век. На тој начин, зависно од состојбата во која се наоѓаат, ќе се изработат и реализираат проекти за реконструкција, со цел да не се повтори во иднина опасност од вакви размери, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Ново на Сител
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад