Во Берово најстудено, температура под нулата
Најстудено утрово е во Берово, минус четири степени, и само таму температурата е под нулата.
Според УХМР, 1 степен е измерен во Лазарополе, 2 во Крива Паланка, Битола и Струмица, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, 4 во Прилеп, Куманово, Велес и Маврови Анови, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Дебар, 6 степени во Охрид, Претор, Крушево и Попова Шапка и 8 степени во Гевгелија.
-Времето изутринава е сончево и студено. Наместа дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Максималната температура денеска ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 25 степени.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза