Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
Во Берово утрово е најстудено со измерени - 6 степени и снежна покривка од 1 сантиметар, додека во Гевгелија се измерени 5 степени Целзиусови.
Утрово -5 степени се измерени на Попова Шапка, -3 во Лазарополе, -2 степени Целзиусови во Маврови Анови, Крушево и Крива Паланка, -1 степени во Скопје-Петровец, Тетово и Штип, 1 степен во Струмица, Битола, Демир Капија и Куманово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Кавадарци и Виница, 3 Велес и 4 степени во Претор и Охрид.
УХМР информира дека во изминатите 24 часа до 08 часот утрово најмногу дожд со 2 литри на метар квадратен наврнал во Скопје-Петровец, 1 во Кавадарци и во Велес, а во останатите места под 1 литар на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје времето променливо облачно и постудено со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен