Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
Непознати сторители запалиле четири автомобили „Тесла“ на подрачјето на Берлин, а полицијата смета дека станува збор за криминални дела со политичка заднина.
„Четири автомобили „Тесла“ целосно изгореа во различни делови на Берлин во текот на ноќта. Оштетени се и пет возила во близина“, се вели во соопштението на полицијата.
Имајќи предвид дека станува збор за веројатни криминални дела со политичка позадина, истрагата ја презеде Провинциската канцеларија за борба против криминалот.
Критиките кон сопственикот на „Тесла“, Илон Маск се интензивираа откако тој започна тесна соработка со американскиот претседател Доналд Трамп.
Фабриката на Маск во близина на Берлин претходно беше на удар на активисти поради загриженоста дека изградбата на фабриката може да влијае на еколошкиот систем, особено на снабдувањето со вода во областа југоисточно од Берлин.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија