Во Белгија првпат под 200 заразени од Ковид-19 за 24 часа
Во Белгија бројот на новозаразени од вирусот Ковид-19 првпат од почетокот на пандемијата е под 200 лица во последните 24 часа, соопшти белгискиот Центар за јавно здравје.
Во болниците последниот ден се примени 172 пациенти инфицирани со новиот коронавирус, а 170 починале.
Центарот наведува дека дневно се прават преку 5.000 тестови.
Од почетокот на пандемијата во Белгија се потврдени околу 41.000 лица заразени со Ковид-19, а речиси 6.000 починаа.
Белгиските власти наведуваат дека помалку од половина од смртните случаи се регистрирани во болниците со потврдена дијагноза на Ковид-19, додека останатите, со сомнеж дека се заразени од вирусот, се во домовите за стари лица.
Белгиските епидемиолози посочуваат дека овој вирус е најзаразен на почетокот од појавата на симптомите.
Ново на Сител
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии
-
Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено
-
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар