Свет
21. April 2020 - 15:39

Во Белгија првпат под 200 заразени од Ковид-19 за 24 часа

Во Белгија бројот на новозаразени од вирусот Ковид-19 првпат од почетокот на пандемијата е под 200 лица во последните 24 часа, соопшти белгискиот Центар за јавно здравје.

Во болниците последниот ден се примени 172 пациенти инфицирани со новиот коронавирус, а 170 починале.

Центарот наведува дека дневно се прават преку 5.000 тестови.

Од почетокот на пандемијата во Белгија се потврдени околу 41.000 лица заразени со Ковид-19, а речиси 6.000 починаа.

Белгиските власти наведуваат дека помалку од половина од смртните случаи се регистрирани во болниците со потврдена дијагноза на Ковид-19, додека останатите, со сомнеж дека се заразени од вирусот, се во домовите за стари лица.

Белгиските епидемиолози посочуваат дека овој вирус е најзаразен на почетокот од појавата на симптомите.