Во Авганистан убиени најмалку 30 полицајци од страна на талибанци
Најмалку 30 припадници на безбедносните сили беа убиени во координирани и бомбашки напади извршени од страна на талибанците во две провинции во источниот дел на Авганистан, потврдија денеска официјални претставници.
Во провинцијата Газни, околу 300 талибански борци утрово го нападнаа центарот на областа Андар, изјави гувернерот на округот Мохамед Касем Дививал.
- Прво, бомбаш-самоубиец активираше експлозив во возило на центарот за обука, по што повеќе напаѓачи тргнаа во напад, соопшти Министерството за внатрешни работи на Авганистан.
- Меѓу жртвите се „жени, ученици и полицајци, изјави Хедаџатулах Хамниди, директор на јавната болница во Гардез, главниот град на провинцијата Пактиа.
Во исто време, милитантите нападнаа два контролни пункта, и убија уште 16 лица, а бројот на жртвите може да се зголеми, соопшти Камран.
Единица за засилување се упатила кон Андар, и тие, исто така, се нашле под опсада, каде што осуммина од безбедносните сили се илизагинати или повредени.
Во меѓувреме, два бомбашки напада од страна на талибанските милитанти го потресоа Гардез, главниот град на источната провинција Пактија.
- Група терористи опремени со оружје го нападнаа националниот полициски центар за обука во близина на полициската станица Пактија, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Бомбаш самоубиец изврши напад со автомобил, пред да нападнат милитантите во центарот.Специјалните сили ја опколиле областа, се вели во соопштението. Оттаму соопштуваат дека досега се убиени двајца терористи.
Движењето на талибанците ја презеде одговорноста за нападот на Пактија, при што портпаролот Забихулах Муџахид тврди дека десетици полицајци се убиени и повредени.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место