Во Авганистан револт по убиството на три новинарки
Во Џалалабад денеска се погребани трите новинарки кои работеа за телевизијата Еникас, а беа убиени во два напада додека го напуштале работното место.
Одговорноста за нападите ја презеде огранок на Исламска држава. Групата соопшти дека нападите ги презеле бидејќи „новинарките работеле за телевизија лојална на отпадничката авганистанска Влада“.
Пријателите, колегите и членовите на семејствата за убиените новинарки упатија апел да престане насилството, што е во пораст откако минатата година почнаа мировните преговори помеѓу авганистанската Влада и талибанците. Тие тврдат дека бунтовниците ги напаѓаат новинарите, активистите и судиите, кои ги сметаат за нивни противници.
Во декември во Џалалабад беше убиена уште една новинарка од телевизијата Еникас.
Авганистан е една од најопасните земји во светот за новинарите. Најмалку девет новинари се убиени од почетокот на мировните преговори, што почнаа во септември минатата година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден