ОН: Во Авганистан годинава регистриран рекорден број цивилни жртви
Во Авганистан во првата половина на 2016 година е регистриран рекорден број цивилни жртви - 5.166 убиени и ранети, соопшти Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан.
Мисијата во денеска објвениот извештај посочува дека во првите шест месеци од годинава се убиени 1.601 цивили, а 3.565 се ранети, што е раст за четири проценти во однос на истиот период лани. Една третина од жртвите се деца, од кои 388 се убиени.
Вкупниот број на цивилни жртви во земјата, регистрирани од ОН меѓу 1 јануари 2009 и 30 јуни 2016 година достигна 63.934, од кои околу 23 илјади се убиени, а 41 илјада се ранети.
Мисијата ги обвинува бунтовниците, а најмногу талибанците и групата Исламска држава за 60 отсто од смртните случаи. Во извештајот се додава дека жртвите предизвикани од владините сили се зголемиле за 47 отсто во однос на минатата година и претставуваат 23 отсто од вкупната бројка.
Заборавени експлозиви, мини и рачно изработени експлозивни направи се причина за смртта на 85 отсто од убиените и ранети деца.
- Секоја смрт на цивил треба да ги поттикне страните во конфликтот да реагираат за да ги намалат страдањата на цивилното населене и да му обезбедат подобра заштита, смета специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН во Кабул, Тадамичи Јамамото.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите