Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица
Во американското бомбардирање на нафтеното пристаниште Рас во Јемен, загинаа 74 лица, а 171 се ранети, соопштија денеска бунтовниците Хути.
Нападите претставуваат еден од најсмртоносните напади досега во кампањата за бомбардирање што ја почна американскиот претседател Доналд Трамп на 15 март.
Хутите поддржани од Иран денеска истрелаа проектил кон Израел, за кој израелската војска соопшти дека бил пресретнат, но сирените за тревога се огласиле во Тел Авив и други градови.
Сателитскиот ТВ канал Hutaal-Masirah емитуваше детални снимки од последиците од нападот на пристаништето Рас, на кои се гледаат тела расфрлани на земјата. Во соопштението се наведува дека во нападот, кој предизвикал огромна експлозија и пожар, загинале болнички работници и цивили во пристаништето.
Централната команда на американската војска соопшти дека „американските сили презеле акција за да го елиминираат изворот на гориво за терористите Хути и да ги лишат од нелегалниот приход со кој тие го тероризираат целиот регион повеќе од десет години“.
– Овој напад немаше за цел да му наштети на народот на Јемен, кој со право сака да ги отстрани Хутите и да живее мирно, се додава во соопштението. Војската не призна дека има жртви и одби да коментира.
Хутите го осудија нападот на САД. „Оваа целосно неоправдана агресија е флагрантно кршење на суверенитетот и независноста на Јемен и директно таргетирање на целиот јеменски народ“, се вели во соопштението на Хутите.
Пристаништето Рас, важна точка за преработка на нафта, се наоѓа во јеменската провинција Ходеида на брегот на Црвеното Море. Тоа е крајот на гасоводот што води до јеменската енергетски богата провинција Мариб, која сè уште ја држат сојузниците на јеменската влада во егзил.
Набргу по почетокот на војната во Појасот Газа, предизвикана од терористичкиот напад на палестинското движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, јеменските бунтовници Хути, кои ја имаат поддршката од Иран и изразуваат солидарност со Палестинците, извршија десетици ракетни напади врз Израел и во Црвеното Море.
Тие напади престанаа со прекинот на огнот кој стапи во сила на 19 јануари, но Хутите, кои ја презедоа одговорноста за продолжувањето на нападите врз Израел, ветија дека ќе ги обноват се додека Израел продолжи да го напаѓа Појасот Газа
Ново на Сител
-
Приведени три лица од Тетово, возеле со брзина поголема од дозволената
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Санкционирани 154 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив