Во Албанија заразени 38 лица со Ковид -19, се затвораат сите угостителски објекти
Нови пет случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во Албанија во последните 24 часа, со што бројот се зголеми на 38 лица.
Еден од досега дијагностицираните, 73-годишна жена од Драч, веќе почина, а во тешка здравствена состојба се наоѓаат уште две лица.
– Досега тестирани се 505 сомнителни лица при што позитивен резултатот има кај 38 од нив. Од вкупната бројка, 22 заразени лица се од Тирана, по пет од Драч и Фиер, по два случаја на заразени има во Елбасан, Љушња и Рогожина, се наведува во соопштението.
На терен продолжуваат активностите околу откривањето сомнителни лица, како и оние кои не ја почитуваат препораката за домашна изолација.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека како дополнителна мерка за заштита од ширење на вирусот од утре се затвораат сите угостителски објеки.
Правните субјекти се задолжуваат да им обезбедат превоз за работниците, кој редовно ќе се дезинфецира.
Ново на Сител
-
Вархеји: Меѓувладини конференции идниот месец со Србија и Албанија, можеби и со Македонија
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа
-
Игротеките и училиштата ризик за ширење на заразни заболувања помеѓу децата
-
СДСМ: Мицкоски понуди платформа што самиот не ја почитува
-
ВМРО-ДПМНЕ повика ДКСК и ЈО да го проверат имотот на Филипче
-
ДЗС остана само со еден функционален „Ер трактор“
-
Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери