Во Албанија системите со клучни податоци за криминалци се уште блокирани
По кибер нападот веќе шести ден блокирани се двата внатрешни системи на албанската државна полиција „АДАМС“ и „МЕМЕКС“, каде што се чуваат главните податоци за криминалци, што услови блокирање и на работата на истражителите, јави ABCnews.al.
Во системот „АДАМС“ се запишани сите пријави за уапсени, приведени граѓани или оние кои се осомничени дека се вмешани во некој настан, јави дописничката на МИА од Тирана. Во овој систем се чуваат целосни податоци за секое лице од почетокот на примањето на податоците, па се до доставувањето и упатувањето на материјалите до Обвинителството. Во системот „МЕМЕКС“ се евидентира секој таен податок што полицаец го има за секој криминален експонент.
Овој систем служи и за примање и пренесување известувања за криминалниот настан што се случил, полициски информации како и податоци за лицата вклучени во овие настани или информациите што тие ги дале, наведува телевизијата. Додава дека доколку податоците содржани во овие два система бидат објавени од страна на хакерите „работата на полицијата ќе биде минирана”.
Двата најважни полициски системи се блокирани од петокот вечерта, откако хакери финансирани од Иран го погодија системот TIMS на граничните премини, чија работа, пак, целосно се нормализира за неполни три дена.
Ново на Сител
-
76-годишник почина откако се превртел со трактор
-
Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час