Во 13 сообраќајки во Скопје, вчера девет лица се здобиле со лесни повреди
Девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, полицијата од сообраќај исклучила 68 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници.
Од сообраќај биле исклучени и едно технички неисправно возило, 10 нерегистрирани, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 52 возила.
Санкционирани биле 59 возачи за не прописно паркирање, 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, три возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, како и осум за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.
Ново на Сител
-
Комисијата за буџет на Бундестагот даде зелено светло за помош за Украина во вредност од три милијарди евра
-
Трамп најави производство на борбен авион од шестата генерација Ф-47
-
Зеленски најавува самит на „коалицијата на подготвените“ во Париз
-
Победникот на Светското клупско првенство ќе добие повеќе од 100 милиони долари
-
УЈП: Да се поднесат барања за обнова на кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките
-
Јандроковиќ: Сочувство од Сабор и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани
-
Кривична против тројца штипјани, во зграда нападнале лице при што употребиле електрошок
-
ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец