Во 13 сообраќајки вчера во Скопје еден загинат, десет повредени
Возач на патничко моторно возило загинал, а со тешки телесни повредни се здобиле двајца сопатници во една од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден.
Пешак со тешки телесни повреди се здобил во една, а во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле седум лица. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и тројца возачи за не користење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.
Санкционирани биле и 16 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, седум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и 12 нерегистрирани возила. Затекнати биле 48 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 43 возила.
Денеска ќе се одржи и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата