ВМРО-ДПМНЕ:Нашите членови во ДИК поддржаа секаква проверка на Избирачкиот список
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција соопшти дека нивните членови во Државната изборна комисија (ДИК) го покажале својот принципиелен став дека поддржуваат секаква и во секое време проверка на Избирачкиот список се со цел СДСМ да биде уверен дека нема спорни гласачи.
- Доколку е неопходно рековме дека и нашите два члена во ДИК не мора и да гласаат ако тоа му пречи на СДСМ во однос на нивната желба за проверка на Избирачкиот список. Со најновата одлука на ДИК бројот на теренски проверки кои треба да бидат извршени изнесува околу 110.000, истакна Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на партијата.
Тој додаде дека СДСМ со своето однесување во ДИК се обидува да најде алиби за претстојниот изборен пораз.
- Тоа што треба да го знае Зоран Заев и неговите соработници е дека и покрај ваквите обиди да се создаде алиби за неодржување на предвремените избори што токму СДСМ ги бараше, избори на 5-ти јуни сепак ќе има. Државата не може да биде држена во заложништво и СДСМ била спремна или не била спремна, ќе мора да се соочи со изборната волја на гласачите во Република Македонија. Тогаш и Зоран Заев и СДСМ ќе видат дека во Република Македонија не одлучуваат фантомски гласачи, туку дека одлучува постоечкиот народ, рече Милошоски.
Според него, на 5 јуни ќе се одржат демократски, мирни и достоинствени избори какви што и доликуваат на државата.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот